Пуштено во употреба реконструираното игралиште кај „Соколана“

26.06.2021 20:27 | KumanovoNews

Заврши првата фаза од реконструкцијата на игралиштето за фудбал и ракомет од спортскиот комплекс „Соколана“ во Куманово.

Пуштено во употреба реконструираното игралиште кај „Соколана“

Спортистите и граѓаните добија современо и функционално игралиште со акрилна подлога, проширени трибини и дополнителна инфраструктурна опрема како осветлување и заштитна ограда.

Во наредните две фази од реконструкцијата ќе биде опфатен објектот на спортската сала, а потоа и кошаркарското игралиште.

Владата во 2019 година „Соколана“ ја врати во владение на Општина Куманово.

Средствата за реконструкцијата се обезбедени преку Владата и Агенцијата за млади и спорт.

Поради пуштењето во употреба на игралиштето беше организирана свеченост, на која присуствуваше премиерот Зоран Заев.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk