Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Реновирана е фасадата, прозорците и внатрешната столарија на основното училиште “Браќа Миладиновци“ со 200.000 евра од Централна европска банка.
Градоначалникот Зоран Дамјановски денеска пресече црвена лента и го пушти во употреба реконстуираниот објект на училиштето.
Се надевам дека во наредниот период ќе биде заокружен и другиот дел од нашата замисла за реновирње, а тоа е санитарните јазли кои ги саниравме пред неколку години комплетно да ги промениме. И ограда за целото училиште со цел да се зголеми безбедноста на учениците. Соочени сме со низа заразни болести, жолтицата е топ тема во Македонија и затоа овој период работиме на санација на санитарни јазли таму каде што имаме потреба - изјави градоначалникот Дамјановски.
Тој вели дека ќе се заврши и друг проект за реновирање на старото економско училиште кај интернатот со што ќе се добијат четири нови училници.
Директорката Марина Манојловска рече дека со реновирањето значително се подобрени условите за изведување на настава во училиштето.
Реално условите за 90 отсто ќе се подобрат затоа што го постигнавме она за што се залагаме, енергетска ефикасност. Гасната централа од која веќе 3 години се грееме, промена на надворешна и внатрешна столарија, фасада која е во тек со современото време ќе овозможи навистина да имаме добри услови - кажа Манојловска.
Во “Браќа Миладиновци“ оваа година се запишаа 130 првачиња.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk