Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Единствениот и најсовремен ресторан за брза храна во градот „Quееn Burger„, слави две години постоење и успешна работа.
Со оригинална гастрономска понуда „Quееn Burger„ за кратко време се наметне како сериозен партнер на потрошувачите со извонреден квалитет и пристапни цени на производите. Сопствениците на рестораните „Quееn Burger„ Аљуш Јакуповски и Виолета С. Јакуповска, велат дека идејата за отворање на ресторан за брза храна ја добиле откако видела дека недостасуваат такви објекти во градот во кои ќе се обезбеди квалитетна храна и пријатно место за целото семејство.
„Она што беше понуда во градот беа сендвичарници со една до две маси, кои секогаш се зафатени. Меѓутоа надвор од нашиот град или државата знаеме дека работите функционираат сосема поинаку. Од тука се роди идејата и Куманово да добие ресторан за брза храна во кој ќе можеме со целото друштво или семејството, во опустена атмосфера да уживаме во нашата омилена храна. Кога „Quееn Burger„ се формираше како фирма, во истиот период ја поднесовме потребната документација за признавање на франшизата, која подоцна ја добивме во вид на дозвола дека нашата фирма е признаена и заштитена во целиот свет. Со тежината на ова признание, само по себе се наметна и квалитетот, прво на месото кое го користиме во нашата храна, а исто така и на амбалажата со која ние прв пат се промовиравме, нашите познати кутии за бургери, кутии за детско мени, уникатните чаши за сок и нашата брендирана „Quееn Cola„, - велат со гордост младите сопственици.
Месото, односно смесата која се користи во производите на „Quееn Burger„ е исто така заштитена и единствена во цела Македонија и се произведува во реномираната кланица „Карнем„. На менито на ресторанот се наоѓаат сите видови на бургери и пици, пасти, поховани даски за разни прослави, а вистински хит е познатото Поховано пилешко како ново и единствено во градот. Согласно потребите на потрошувачите воведена е можност за организирање на роденденски забави на најмладите во ресторанот „Quееn Burger 1„ кај гимназијата. „Quееn Burger 2„ поради местоположбата во центарот на градот и постојаната фрекфенција на луѓе има богата понуда и разноврсна храна во текот на целиот ден за комплетен оброк, пред се доручек, ручек и вечера. За престојните пости се подготвува посна храна од туна сендвичи, туна и фишбургери, посна пица и др.
„Ние го применуваме американскиот тренд во работење со македонска фантазија. Имаме концепт на работа како во големите корпорации. Целото мени е направено од најпродаваните сендвичи во светски рамки.Се разликуваме по препознатливите вкусовите на нашите сосови, квалитетот на целокупниот асортиман и пристапните цени. На тоа се базира и нашиот успех. Задоволни сме од она што го постигнавме во изминатите две години и нема да застанеме тука. Подготвуваме нови изненадувања за потрошувачите и нашите редовни посетители, како и проширување на капацитетите надвор од Куманово. Не се плашиме од конкуренција бидејќи има простор на пазарот за сите. Кој ќе понуди подобар квалитет, со напорна и посветена работа и подобра идеја ќе постигне и успех, тоа е нашето мото - велат Јакуповски.
Рестораните „Quееn Burger„ се наоѓаат во близина на гимназијата „Гоце Делчев„ и спроти трговскиот центар „Гарнизон“ и работат од 9 до 02 часот во работните денови и од 9 до 4 часот по полноќ за време на викенд. На вториот роденден на „Quееn Burger„, во петок и сабота (25 и 26 ноември), во ресторанот спроти „Гарнизон„ ќе се одржи голема роденденска журка за посетителите. Ќе настапи диџеј Никола, а ќе бидат подготвени многу изненадувања, гратис пиење и промотивни цени за посетителите. Домаќините ги повикуваат граѓаните на Куманово да им се придружат заеднички да го прослават роденденот и да ги пробаат најквалитетните производи на „Quееn Burger„.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk