Работата на полицијата позитивна

09.03.2016 14:07 | KumanovoNews

 Извештајот за работа во 2015 година на полициската станица од општа надлежност во Куманово е позитивна, смета командирот Игор Митевски.

Работата на полицијата позитивна

Во неговиот прв отчет пред советниците истакна дека е намален криманилитетот за 15,3 одсто, а нарушувањето на јавниот ред и мир за 1,6 одсто или извршени се 475 прекршоци. Во текот на годината има зголемување на сообраќајни несреќи за 3 одсто, односно имало 439 сообраќајки, а 2014 година 426. Поднесено е и една пријава за тероризам. Извршени се 2875 алко-тестови, при што кај 310 возачи пронајдено е присуство на алкохол во крвта. При сообраќајна контрола откриени се 974 нерегистрирани возила.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk