Работилница „Преку кастинг до улога во филм“

28.10.2015 17:07 | KumanovoNews

Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ попладнево се одржа работилница на тема “Преку кастинг до улога во филм“, во рамки на Фестивал на тркала-Недела на балкански филмови.

Работилница „Преку кастинг до улога во филм“

Ученици од основни, средни училишта и млади се едуцираа за кастинг и предпродукција на еден филм. На учесниците им беа прикажани делови од досегашни кастинзи и деца кои добиле улоги во филмови.

Тие што ќе бидат заинтересирани, ќе ги снимиме и ќе влезат во Агенцијата за кастинг. Тоа е Агенција од Битола која работи на многу филмови. Ќе им објаснам кој ги избира подоцна. Многу е важна опуштеноста на филм. Филмот не бара некоја глума, колку што бара природно движење, природно зборење, природни реакции. Воопшто не е потребно да се чувствува дека глуми“ - вели Коста Дупчинов, фотограф.

Меѓу присутните имаше многу млади ентузијасти кои го сакаат филмот и би сакале да учествуваат во снимање на филм.

На оваа работилница дојдоа затоа што ме интересира видео продукцијата и сакам нешто повеќе да научам за филмовите. Се израдував кога слушнав дека ќе има во Куманово работилница од ваков тип - рече Дарио Королија, ученик во “Наце Буѓони“.

Ана Марија Поповска, ученичка во “Крсте Мисирков“ кажа дека го сака филмот како уметност, ужива да гледа филмови и дошла да се информира повеќе на оваа тема.

Вечерва и утревечер во 18 и 20 часот во Центарот за култура,  граѓаните бесплатно ќе можат да погледнат проекции на неколку балкански филмови.

Фестивалот на тркала го организираат Кат веј, МЦФ МКД и Агенција за филм.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk