Работилница за борба против расизам во ЦИД

18.03.2015 14:37 | KumanovoNews

Центарот за меѓукултурен дијалог во петок ќе организира интерактивна работилница по повод Денот за борба против расизмот.

Работилница за борба против расизам во ЦИД

Работилницата ќе се одржи во нивните простории, од 18 до 20 часот а можат да присуствуваат сите заинтересирани.

“Целта е да се поттикне мир, толеранција, разбирање во мултиетничко општество. Тоа ќе биде направено преку примери, игри, дискусија. Работилницата ќе ја водат странските волонтери кои се дојдени кај нас“ - вели Александра Цветковска, координатор на волонтери во ЦИД.

Денот за борба против расизам го установиле Обединетите нации во 1966 година, во знак на сеќавање на 21 март 1960 година, кога во Јужноафриканската Република се убиени 69 луѓе кои мирно демонстрирале против апартхејдот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk