Работилница за деца „Недовршена приказна“ во Центарот за култура

15.04.2025 21:06 | KumanovoNews

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово, утре со почеток во 11 часот ќе се одржи работилница за деца „Недовршена приказна“ под раководство на авторката Бистра Георгиева и илустраторката Катерина Николовска.

Работилница за деца „Недовршена приказна“ во Центарот за култура

Работилницата е наменета за деца од четврто и петто одделение. Треба да ја поттикне детската фантазија, да станат ко-автори на една приказна, заеднички создадена со писателката Бистра Георгиева и илустраторката Катерина Тери Николовска.

Бистра Георгиева е автор на повеќе наградувани сликовници.   Катерина Тери Николовска е графички дизајнер и илустратор на повеќе дела.

Работилницата е дел од Годишната литературна програма на Центарот за култура, поддржана од Министерство за култура и туризам.

 

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk