Работилница за надминување на предрасудите кон Ромите

18.10.2018 11:17 | KumanovoNews

Здружението Национален ромски центар (НРЦ) утре ќе одржи работилница за стереотипи, предрасуди и дискриминација, како дел од проектните активности од кампањата „ДОСТА! Надмини ги предрасудите, Запознај ги Ромите!“ поддржан од Советот на Европа.

Работилница за надминување на предрасудите кон Ромите

- Работилницата се организира со цел да се запознаат учениците за предрасуди, стереотипи и дискриминацијата и како тие влијаат во општеството, ромската историја, култура и традиција како инспирација и мотивација за изработка на креативни творби. Учесниците ќе се поделат во групи за креирање идеи за влијание и намалување на предрасуди, стереотипи и дискриминација, - соопштуваат од НРЦ Куманово.  

Оваа е четврта година како Национален ромски центар ја имплементира кампањата во соработка со основните и средните училишта од Куманово. Кампањата се реализира со цел да се влијае врз перцепциите за Ромите кои се базираат на предрасуди и стереотипи преку промовирање вредности на ромскиот народ и нивниот придонес во општеството, како и создавање на подобра слика за Ромите.

Работилницата ќе се одржи во просториите на ресторант „Грација“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk