Работилница за влијанието на жените во политиката

21.03.2015 09:37 | KumanovoNews

Невладината организација Реактор  организира работилница на тема “Влијанието на жените во политиката на локално ниво во Македонија“, во просториите на општина Куманово во понеделник во 11 часот.

Работилница за влијанието на жените во политиката

На трибината ќе бидат презентирани наоди од студија на оваа тема, која ја изработи  невладината организација. Целта на работилница е да се оцени нивото на зголемување на учеството на жените во политиката, нивното влијание воопшто врз политиката и конкретно врз родовата еднаквост. Дали жените имаат моќ за промени, дали имаат влијание врз тековите на јавните политики и како. Кои се предизвиците со кои се соочуваат, како се разликуваат од мажите во политиката и што треба да се направи за да се постигне еднаква родова застапеност.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk