Работилницата во „Киро Бурназ„ ќе се даде под кирија

04.07.2014 13:29 | KumanovoNews

 Земјоделското училиште “Киро Бурназ“ од септември под кирија ќе ја издава работилницата за практична настава која се користи за сервисирање на автомобили.

Работилницата во „Киро Бурназ„ ќе се даде под кирија

Советниците ја изгласаа оваа одлука на последната седница на совет, а дополнително ќе се утврди висината на киријата.

- Тоа е работилница која ние немаме средства да ја направиме современа и од тие причини побаравме таа работилница да ја издаваме под закуп. Ние имаме насока автотехничар, мехатроничар и учениците досега изведува практична настава по локалните авто сервис работилници. Сметаме дека ако во нашето училиште имаме една ваква работилница ќе направиме оваа насока да биде поатрактивна за учениците, осмооделенците кои се запишуваат. Нашите ученици во секое време тука ќе имаат можност да изведуваат практична настава - вели Весна Трајковска, директор на “Киро Бурназ“.

Во претстојниот период работилницата ќе биде понудена на тендер.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk