Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Околу 200 работници од фабриката „Веибо Груп“ од Крива Паланка, денеска три часа го блокираа магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, поради тоа што се отпуштени од работа.
Работниците се револтирани поради тоа што од денеска останаа на улица со три неисплатени плати и придонеси за здравствено осигурување, како и К-15.
Градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски им даде подршка на работниците и најави дека прави напори што поскоро да се најде решение за решавање на проблемот.
Мицевски за утре најави средба со бизнис инвеститор од Гевгелија кој пројавил интерес да инвестира во овој погон.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk