Работник повреден во лифт откако пукнала сајлата

06.04.2017 13:43 | KumanovoNews

Д.С.(29) од Скопје, вработен во млекарницата „Здравје Радово“, се здобил со повреди по нозете откако паднал од височина од 2 метри, бидејќи пукнала сајлата на товарниот лифт.

Работник повреден во лифт откако пукнала сајлата

Несреќата се случила вчера во 14.30 часот, кога работејќи во погон за производство на млечни производи, работникот по своја воља се качил во товарен лифт натоварен со туби со средства за чистење. При тоа се скинала сајлата и лифтот паднал од висина од 1.5-2 метри.

Д.С. се здобил со тешки телесни повреди на нозете поради што бил пренесен во Општа болница Куманово, од каде по укажаната лекарска помош бил препратен во Клинички центар Скопје.

                                                                         (фото архива)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk