Рационално да се троши водата, апелираат од Општина Куманово

14.04.2020 09:03 | KumanovoNews

Поради зголема потрошувачката на водата за време на викендите,  домаќинставта во повисоките делови на градот се соочуваат со проблеми во водоснабдувањето.

Рационално да се троши водата, апелираат од Општина Куманово

Од Општинскиот штаб за заштита и спасување ги повикуваат граѓаните рационално да ја трошат водата и да не ја користат за полевање на бавчи.

- Апелираме до граѓаните, заради зголемена потрошувачка на водата за време на викендите и намалување на притисокот на вода, за рационално користење на водата во овие услови. Да не се врши наводнување на дворови и бавчи и перење на возила од водата на градски водовод, - стои во соопштението.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk