Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
М.Ј.(55) од Скопје, раководител на КЕЦ Куманово во ЕВН вчера е уапсен под сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп.
Тој пред два дена го повикал оштетениот, сопственик на приватно претпријатије од Куманово кое со ЕВН од лани имало склучено рамковна спогодба за сервисирање, реконструкции и монтажа на енергетски систем и му побарал до крајот на годината да му бидат исплатени 3000 евра, на име на одобрување за наплата на доспеани фактури како и заради понатамошно работно ангажирање на неговото претпријатије. Оштетениот случајот го пријавил во полиција и по дадени насоки од ОЈО Куманово, криминалистичко технички се обработени 600 евра и 3000 денари. Вчера во попладневните часови, оштетениот дошол во канцеларијата на М.Ј. во КЕЦ Куманово и му ги дал парите. Потоа, полицајци од СВР Куманово извршиле претрес и ги нашле парите кај него.
Тој од крајот на 2014 па се до ноември 2015 година, од истиот човек во неколку наврати како награда за наводно успешна соработка барал и на рака земал 9.500 евра, односно вкупно побарал и примил 10.100 евра и 3000 денари.
(Фото:Жители на Средорек протестираа пред ЕВН минатата година поради исклучена струја)
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk