Рамазан Бајрам неработен ден за сите граѓани - до крајот на годината ќе има четири споени викенди

12.05.2021 09:29 | KumanovoNews

 Утре, 13 мај, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен за сите граѓани, соопштува Министерството за труд и социјална политика.

Рамазан Бајрам неработен ден за сите граѓани - до крајот на годината ќе има четири споени викенди

Согласно Програма на неработни денови во 2021 година, до крајот на годината ќе имаме четири продолжени викенди. Еден од нив е овој месец, бидејќи празникот Свети Кирил и Методиј е во понеделник.

Споени викенди ќе имаме и во јуни, август и октомври.

Ова се останатите неработни денови до крајот на годината:

• 13 мај (четврток), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,

• 24 мај (понеделник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,

• 02 август (понеделник), Ден на Републиката,

• 8 септември (среда), Ден на независноста,

• 11 октомври (понеделник), Ден на народното востание,

• 23 октомври (сабота), Ден на Македонската Револуционерна Борба,

• 8 декември (среда), “Св. Климент Охридски”,

За граѓаните од православна вероисповед

• 18 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,

• 28 август (сабота), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

• 01 ноември (понеделник), Празникот на сите светци,

• 25 декември (сабота), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 20 Јули (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (понеделник), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 16 септември (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (вторник), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (вторник), Ден на настава на турски јазик

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk