Ранци и училишен прибор за учениците во Бајловце

16.09.2017 11:20 | KumanovoNews

Црвен крст Куманово однесе училишен прибор и ранци на 14 ученици во основно училиште во село Бајловце, донација од учениците од “Кочо Рацин” и книжарница “Херби” .

Ранци и училишен прибор за учениците во Бајловце

„Воедно дониравме и 200 литри вода во шишиња, поради проблемот со вода кое оваа училиште веќе со години го има. Училишен прибор и ранци Црвен крст Куманово донира и на 10 ученици сместени во  интернатот во село Драгоманце, сооптуваат од Црвен крст.

 Црвен крст обезбеди хуманитарна помош во прехрамбено-хигиенски пакети, пелени, храна за бебиња, облека, обувки и училишен прибор, на три најзагорзени семејства.

„По трет пат оваа година обезбедивме донација за 8 членото семејство Мирковиќ од Куманово, кое живее во екстремно тешки услови. Исто така хуманитарна помош дониравме и на 4 членото семејство Маневски од с.Пчиња и на самохраната мајка Гордана Коцевска од село Тромеѓа, кои живеат во тешки услови“, -додаваат од Црвен крст.

Општинска организација во зависност од своите можности ќе продолжи и во иднина да помага на најраливите семејства од социјален ризик во Куманово, С.Нагоричане и Липково.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk