Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Синоќа во центарот на Куманово поради оставен ранец пред банкомат, кумановската полиција блокирала дел од центарот на градот.
Околу 20 часот пред банкоматот на „Уни Банка“ лоциран во централното градско подрачје во Куманово полициски службеник забележал оставен црн ранец, соопшти денеска МВР.
Тој го пријавил случајот во СВР Куманово, но десетина минути потоа се јавил сопственикот кој кажал дека го заборавил ранецот пред банкоматот.
Заборавениот ранец предизивика сомневања кај кумановци, кои во тој период поминуваа во централното градско подрачје.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk