Ранковце во долгови до гуша, Општината блокирана

19.12.2017 08:39 | KumanovoNews

 Блокирана е сметката на Општината Ранковце, поради долг од 250.000 евра.

Ранковце во долгови до гуша, Општината блокирана

Градоначалникот Ивица Тошевски  вели дека Општината е под целосна блокада, исклучен е Интернетот и телефоните, а нема пари ни за основните потреби: хартија, тонер, гориво.

“Поради долг од 40.000 евра исклучено ни е уличното осветлување, што е неправдено кон жителите кои редовно си ги плаќаат сметките, а некој ги пренаменил и потрошил парите. Постои опасност без струја да остане и општинската зграда поради долг од над 20.000 евра, ако не се договориме со ЕВН да плаќаме на рати. Дека состојбата е катастрофална покажува и податокот дека е исклучен телефонскиот број 193 во Противпожарниот дом“, - вели градоначалникот Тошевски, кој на локалните е избран како независен кандидат.

Градоначалникот вели дека по неодамнешните поплави во општината ангажажирал свои пријатели со механизација да ги расчистат патиштата, затоа што нема општински пари да плати.

Општина Ранковце е рурална општина со 4.500 жители, кои се занимаваат со земјоделство и сточарсто, без ниту еден стопански капацитете. Таа беше една од 4 општини во државата каде во предходниот мандат градоначалникот беше од СДСМ, па немаше помош од централната власт, а наследила и големи долгови од предходната власт кои не можела да ги враќа. На советниците во Советот на Општината не им се исплатени паушали за последните 5 години.

Градоначалникот излезот од ваквата состојба ја гледа во реализација на проекти и довршување на процесот на децентрализација со која општините ќе добиваат повеќе пари од централниот буџет и од наплатата на даноците.

                                                          (Фото Ипортал)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk