Расадникот на Шумско произведува 5 милиони садници

19.06.2014 10:20 | KumanovoNews

Расадникот на Шумско стопанство располага со околу 5 милиони садници и од него со дрвца се снабдуваат и останатите подружници на претпријатијето во државата.

Расадникот на Шумско произведува 5 милиони садници

-  Во нашиот расадник има богат избор на секакви видови дрвја. Сите граѓани, школи, институции купуваат садници од нас за своите дворови. Ги имаме сите видови дрвца освен декоративни. Се троши најмногу чемпрес, бор и црн бор - вели Ваит Саити, директор на Шумско стопанство.

На есен со садници од расадникот ќе се пошумат 200 хектари во кумановско и липковско како што е планирано со одлука на Владата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk