Раселените на „Мала Богородица„ во Матејче

20.09.2010 14:33 | KumanovoNews

 Раселените Македонци и Срби од селото Матејче, кои за време на воениот конфликт ги напуштија своите домови  големиот христијански празник „Мала Богородица“,ќе го прослават во истоимениот манастир над селото.

Раселените на „Мала Богородица„ во Матејче

 Десет години по протерувањето раселените оваа година првпат нема да одат организирано, туку секој во сопствена режија.

Поради лошиот пат до манастирот нема да одиме организирано, туку со автомобили. Се надевам дека ќе присуствуваат околу 200 луѓе, главно поранешни матејчани кои се врзани за ова светилиште и за празнувањето на „Мала Богородица“ - вели Радован Станојковиќ од Координативното тело на раселените.

Црковната литургија ќе започне во 10 часот, а ќе биде избеа кум на славата, според традицијата.

Во хотелот „Кристал“ живее само уште 1 семејство, додека останатите 118 семејства на раселни лица од селата Матејче, Опае и Ропаљце добија обештетување од државата и обезбедија живеалишта во Куманово.

                                                
Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk