Распишан конкурс за избор на сувенир на Куманово за 2021 година

04.11.2021 07:37 | Сузана Николиќ

Општина Куманово врз основа на Програма за локален економски развој за 2021 година, објави конкурс за избор на сувенир на градот за 2021 година. 

Распишан конкурс за избор на сувенир на Куманово за 2021 година

Сувенирот мора да ги содржи сите елементи на препознатливност и да ја отсликува традицијата и културно-историските, духовни, материјални и природни богатства на Куманово и да биде прилагоден за масовно производство, а наменет е за туристичка промоција на градот.

„Општината на овој начин подржува идеи и автентични трудови со цел да придонесат кон креирањето на производ кој ќи ги отсликува карактеристиките на градот, во насока на зголемена промоција. На овој начин се дава подршка и мотивација за работа на дел од занаетите. За таа цел, општина Куманово ги поканува сите заинтересирани правни и физички лица, кои ги познаваат одликите на градот и околината, со своите автентични трудови да придонесат кон креирањето на производ кој ќе го отсликува карактерот на градот, во насока на зголемена промоција“, велат од Општината.

Наградата за авторот на избраниот сувенир изнесува 100 илјади денари. Конкурсот трае до 12 ноември.

Општината секоја година бира сувенир на годината, минататата година тоа беше стаклено шише извезено со слама и коноп со слики од Кумановски крај во рачно изработена кутија, а во 2018 година „Пиле копче“ - женски накит од традиционалната народна носија од 20 век, карактеристична за кумановскиот регион .

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk