Распишан конкурс за избор на сувенир на Куманово за 2023 година

06.09.2023 16:03 | Сузана Николиќ

Општина Куманово објави конкурс за избор на сувенир на градот за 2023 година, врз основа на Програма за локален економски развој. 

Распишан конкурс за избор на сувенир на Куманово за 2023 година

Сувенирот мора да ги содржи сите елементи на препознатливност и да ја отсликува традицијата и културно-историските, духовни, материјални и природни богатства на Куманово и да биде прилагоден за масовно производство, а наменет е за туристичка промоција на градот.

 „Општината на овој начин подржува идеи и автентични трудови со цел да придонесат кон креирањето на производ кој ќи ги отсликува карактеристиките на градот, во насока на зголемена промоција. На овој начин се дава подршка и мотивација за работа на дел од занаетите. За таа цел, општина Куманово ги поканува сите заинтересирани правни и физички лица, кои ги познаваат одликите на градот и околината, со своите автентични трудови да придонесат кон креирањето на производ кој ќе го отсликува карактерот на градот, во насока на зголемена промоција“, стои во повикот. 

Наградата за авторот на избраниот сувенир изнесува 100 илјади денари. Конкурсот трае до 2 октомври 2023 година.

Општината секоја година бира сувенир на годината, минатите години беше „Пафта - украс од женски колан“ за 2022 година. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk