Распишан конкурс за „Најдобар млад научник“

17.12.2014 09:29 | KumanovoNews

До крајот на декември трае конкурсот за избор на “Најдобар млад научник“ за 2014 година, кој го распишува кабинетот на претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов.

Распишан конкурс за „Најдобар млад научник“

Проектот „Најдобар млад научник“ ги опфаќа сите млади луѓе до 30 години кои се занимаваат со наука и научни истражувања, и кои во досегашната  работа имаат постигнато одреден научен резултат. Можат да учествуваат научници кои имаат меѓународни награди, признанија, домашна награда или признание за научно - истражувачка дејност, објавени резултати од научно истражување во релевантно домашно или странско списание и степен на применливост на резултатите од научното истражување. Заедно со овие документи до кабинетот на претседателот треба да се достави и биографија.

Признанието „Најдобар млад научник“ првпат е доделено од страна на претседателот Иванов во 2010 година.

Досегашни носители на признанието се Никола Златанов, Трифче Сандев, Катерина Бачева и Петар Стојанов.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk