Распишан конкурс за Ноемвриска награда

03.10.2016 10:44 | KumanovoNews

 По повод 11. Ноември – Денот на ослободување на Куманово, Општина Куманово распишува конкурс за пријавување на кандидати за традиционалната “Ноемвриска награда”, како највисоко општествено признание што се доделува за посебни постигнувања во одделни области.

Распишан конкурс за Ноемвриска награда

Ноемвриската награда се доделува на поединци, претпријатија и други организации, установи, здруженија и заедници чие дело односно резултати во работењето и делувањето претставуваат посебно остварување во областите на стопанството и вонстопанските дејности, во текот на едногодишен и повеќегодишен период.

„Делото, односно постигнувањата да бидат достапни на јавноста до 11. октомври годинава, а авторот на делото да е жител на Општината Куманово, организацијата или заедницата да е од Општината Куманово, односно делото и постигнувањата да се тематски врзани за Општината Куманово. Право на предлагање на кандидати за Ноемвриска награда на Општината Куманово имаат претпријатијата, установите, здруженијата, месните заедници, група граѓани и поединци, - стои во соопштението на Општината.

Предлозите за Ноемвриска награда со образложение во писмена форма ќе се доставуваат до Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија, најдоцна до 31. октомври оваа година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk