Распишан конкурс за Ноемвриска награда

24.10.2017 10:56 | KumanovoNews

Општината Куманово го рапиша конкурсот за доделување на “Ноемвриска награда”, највисоко општествено признание, по повод 11 Ноември – Денот на ослободување на Куманово.

Распишан конкурс за Ноемвриска награда

Ноемвриска награда се доделува на поединци, претпријатија и други организации, установи, здруженија и заедници чие дело односно резултати во работењето и делувањето претставуваат посебно остварување во областите на стопанството и вонстопанските дејности, во текот на едногодишен и повеќегодишен период.

„Право на предлагање на кандидати за Ноемвриска награда на Општината Куманово имаат претпријатијата, установите, здруженијата, месните заедници, група граѓани и поединци.

Предлозите за доделување на Ноемвриската награда со образложение во писмена форма да се достави до Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија, најдоцна до 31 октомври годинава, a по истите ќе одлучува новоформираната Комисија за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди, која ќе биде избрана по конституирањето на новиот состав на Советот на Општина Куманово“, - соопштуваат од Општината.

 Делото, односно постигнувањата да бидат достапни на јавноста до 11 октомври годинава.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk