Распишан конкурс за учество на изложбата „Самоуки 2021“

11.05.2021 11:29 | KumanovoNews

Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, објави конкурс за пријавување на дела за учество на традиционалната ликовна изложба „Самоуки 2021“.

Распишан конкурс за учество на изложбата „Самоуки 2021“

 „Јавно ги повикуваме сите неакадемски уметници од општина Куманово да земат учество на оваа изложба конкурирајќи со три дела по сопствен избор. Селекција на сите пристигнати дела ќе направи стручна комисија при Центарот и  ќе ги извести учесниците за примените дела. Рокот за пријавување трае до 31.05.2021 година“, соопштуваат од Центарот.

Изложбата ќе биде отворена на 10.06.2021 година и е дел од годишната програма на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk