Распишан конкурсот „Нов културен бран“

31.07.2017 13:00 | KumanovoNews

Министерството за култура распиша нов конкурс за „Нов културен бран“, што ќе се реализира наместо старата манифестација „Топол културен бран“.

Распишан конкурсот „Нов културен бран“

Конкурсот има два рока: првиот завршува на 14 август, а резултатите ќе се знаат на 23 август, а вториот ќе биде распишан на 16 август.

Како што велат од Министерството за култура, можат да аплицираат здруженија на граѓани, асоцијации, чадор-организации, непрофитни групи автори од областа на културата и на уметноста.

„Нов културен бран“ се воведува,  за да се помогне во деметрополизација, деконцентрација на културата, и истата да се дисперзира во локалните средини.Се повикуваат асоцијации, фондации и поединци од областа на културата кои треба да имаат квалитетна, естетизирано профилирана и вредносно издржана понуда, - велат од министерството.

Министерството најавува дека во овој бран нема да има место за естрадата, како во минатото, што придонесе како што велат за естрадизација на културата, туку ќе се поддржуваат вистинските и современи културни и уметнички изрази и вредности.

Предност при изборот на проекти би имале мали мобилни содржини, кои би биле реализирани барем во неколку регионални и локални средини.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk