Распишан конкурсот за “Макденс 2011”

23.03.2011 08:47 | KumanovoNews

 Центарот за култура “Трајко Прокопиев” ги повикува сите танчерски групи и поедници да се пријават на фестивалот за модерен балет “Макденс 2011”, што во средината на јули ќе се одржи во Куманово.

Распишан конкурсот за “Макденс 2011”

Сите заинтересирани, своите видео материјали треба да ги испратат до 1 јуни, во Центарот за култура  

На фестивалот имаат право да учествуваат сите групи и поединци кои работат на територијата на Македонија во рамките на некоја институција или како самостојни приватни субјекти, кои презентираат проекти од областа на модерниот балет. Фестивалот ќе се реализира во две старосни категории, со учество на групи до 12 и над 12 години, а групата не треба да има повеќе 14 изведувачи.

“Макденс” е фестивал на модерен балет кој успешно се организира 18 години, а секоја година учествуваат над 200 танчери во четириесетина групи.

 Дополнителни  информации за Конурсот можат да се добијат на телефоните 031 416 333 и 031 415099. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk