Распишан конкурсот за Ноемвриска награда

14.10.2010 07:23 | KumanovoNews

 Од минатата недела започна пријавување за најголемото признание на градот Ноемвриската награда.

Распишан конкурсот за Ноемвриска награда

Конкурсот ќе трае до почетокот на идниот месец, по што Комисијата за манифестации, празници и доделување на награди ќе одлучи кој годинава ќе ги понесе признанијата.

Доделуваме награди за поединци, организации и фирми од Куманово кои со своето работење и делување дале  допринос за поубав и поквалитетен живот во градот. Секој што е заинтерсиран за наградата може сам да се пријави или тоа за него да го стори група на граѓани кои сметаат дека ја заслужува наградата - вели Александра Георгиевска претседател на Комисијата за манифестации празници и доделување на награди.

 Пристигнатите пријави и публикации ќе ги разгледува петчлена комисија од Советот на Општината Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk