Распишан национален конкурс за есеи

10.01.2014 13:51 | KumanovoNews

Распишан е националниот конкурс за есеи на тема “Зошто е важно да се зборува втор јазик?“ и на него можат да учествуваат ученици од  7 и 8 одделение и од 1 до 4 година.

Распишан национален конкурс за есеи

Во есејот учениците треба да објаснат кои се предностите од говорење и разбирање на повеќе странски јазици и дали за остварување на некој нивен сон треба да се познаваат јазици.

Од Министерството за образование појаснуваат дека есеите треба да содржат од 350 до 500 збора и да се достават до крајот на месецов. Победниците ќе се знаат во февруари. Регионалните победници ќе добијат дипломи, а националните победници ќе учествуваат на церемонија за доделување на награди.

Повеќе информации за конкурсот заинтересираните можат да побараат на [email protected].

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk