Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Куманово започна постапката за избор на фирма којашто ќе ја замени оштетенета заштитна ограда на улицата „Тоде Думба“ во Куманово, откако Кумановоњуз пред неколку дена алармираше дека оградата стои скршена речиси две години и претставува опасност при движење на возачите и пешаците.
Надлежните велат дека тендерот е веќе распишан, а очекуваат дека целата работа да се заврши до крајот на месецот.
„Тендерот е за реконструкција на посточка ограда и поставување на нова еластична ограда на ул. „Тоде Думба“. Новата ограда ќе биде во дожина од 125 метри. Повикот ќе трае до 26 септември“, вели Момчило Јовановски, помошник раководител на Секторот за комунални дејности во Општина Куманово.
Металната ограда на улицата „Тоде Думба“ беше скршена во сообраќајни несреќи. Граѓаните го сметаат овој дел од улицата за црна точка и побараа Општината под итно да го реши проблемот, бидејќи доаѓа период на пoниски температури, па движењето по улицата ќе биде опасно.
Во моментот на улицата се изведуваат и градежни работи, се копа канал по десната страна, со што таа дополнително се стеснува. Кривината станува уште поостра, и доколку не се види навреме многу е небезбедна и за возачите и за пешаците.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk