Распоред на богослужби за претстојните празници

05.01.2011 09:59 | KumanovoNews

 Црковното настојателство при двата Градски храма го објави распоредот на богослужби по повод претстојните празници:


Распоред на богослужби за претстојните празници

 06.јануари- БАДНИК (ЧЕТВРТОК)

Во 15 часот, попладневна и вечерна богослужба и Света Божествена литургија, по што ќе се благослови и пали бадниковото дрво. Верниците ќе бидат послужени со топла ракија, чај, ореви и костени.

07.01.2011 - РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО - БОЖИЌ - (ПЕТОК)

 Во 7 часот утрено богослужение, а во 8 часот Свечена  рожествена литургија.

08.01.2011 - СОБОР НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА - (2 ДЕН БОЖИЌ) - (САБОТА)

Во 7 часот утрено богослужение и Света литургија. Во 9 часот  во црквата Свети Никола ќе чиноначалствува митрополитот Полошко-кумановски г.Кирил, а ќе пее црковниот хор „Марија Магдалена„ од Куманово.

09.01.2011 Г. - СВЕТИ СТЕФАН (3 ДЕН БОЖИЌ) - (НЕДЕЛА)

Во 7 часот утрено богослужение, а во 8 часот Литургија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk