Распоред на богослужби за претстојните Велигденски празници

19.04.2011 08:09 | KumanovoNews

 По повод големиот христијански празник Велигден, црковните настојателства на двете градски цркви во Kуманово ги известуваат верниците за распоредот на богослужбите.

 
Распоред на богослужби за претстојните Велигденски празници

21.04.2011 - ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК                                                                         НАУТРО:  Утрена литургија на Св. Василиј Велики, со почеток во 7 часот. ВЕЧЕРТА: Бдение со читање на 12 Страсни Евангелија,и изнесување на Св.крст  од митрополитот кумановско- полошки г. Кирил и тоа во 18 часот во црквата Света Петка во селото Бедиње, во 19 часот во црквата Света Тројца и во 20 часот во Соборниот храм Свети Никола во Куманово.

22.04.2011 - ВЕЛИКИ ПЕТОК                                                                               НАУТРО: Царски часови ќе започнат во 7 часот.Вечерно богослужение со изнесување на Св. Плашница ќе започне во 15 часот.                                       ВЕЧЕРТА: Бдение со погребението на Господ Исус Христос ќе започне во 19 часот.23.04.2011 - ВЕЛИКА САБОТАСвета литургија на Св. Василија Велики започнува во 8 часот.

24.04.2011 - Прв ден Велигден (ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО)                        НАУТРО: Воскресна литургија на Св. Јован Златоуст започнува на полноќ.Св. божествена литургија на Св. Јован Златоуст започнува во 7 часот наутро. 

25.04.2011 - Втор ден Велигден                                                                                НАУТРО: Св. божествена литургија на Св. Јован Златоуст започнува во 9 часот наутро, ќе чиноначалствува митрополитот г. Кирил во селото Тромеѓа и ќе ја освети новоизградената црква Св. Ѓорѓи.

26.04.2001- Трет ден Велигден                                                                               НАУТРО: Св. божествена литургија на Св. Јован Златоуст започнува во 7 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk