Распоред на литургии за Велигден

07.04.2015 08:35 | KumanovoNews

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, во црквите во Куманово секојдневно ќе има богослужби и литургии.

Распоред на литургии за Велигден

На Велики четврток во 7 часот ќе се одржи утрена богослужба, во 8 часот е василиева литургија, во 10 осветување на брашно и елеј со кое се мачкаат луѓето за здравје, и во 18 часот се дванаесет страдалнички евангелија.

На Велики петок во 7 часот ќе има царски часови, во 15 часот изнесување на плаштаница, а во 19 часот оплакување на Христа.

Во сабота ќе има литургија во 8 часот, а вечерта во 23 часот ќе биде обиколувањето на црквата и точно на полноќ богослужба за Велигден.

Во недела на Велигден во 7 и 8 часот ќе има литургии, а во понеделник во црквата Свети Никола владиката Јосиф ќе чиноначалствува со литургија која ќе почне во 8.30 часот, а потоа во 11 часот ќе биде осветена црквата Воскресение Христово кај Градските гробишта.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk