Распределени 115 илјади евра на 67 локални проекти во културата

01.03.2022 13:29 | Сузана Николиќ

Над 7 милиони денари одвои Општината за финансирање на културните манифестации во Куманово. Пари се доделени на веќе реномирани и традиционални манфестации, но и за 30 нови содржини. 

Распределени 115 илјади евра на 67 локални проекти во културата

Раководителот на Секторот за култура и спорт Александар Крстевски кажа дека на конкурсот се пријавиле 95 јавни установи, здруженија на граѓани и фондации, а поддршка добиле 67 проекти. Останатите 28 не ги исполнувале условите по правилникот и затоа се елиминирани.  

„Вкупниот износ на средствата изнесува 7.030.000 денари, а одлуката за распределба на средствата ќе биде истакната на веб-страната на Општината. Како општина се стремиме да ја издигнеме културата на многу повисоко ниво со што би ги потикнале сите кои се занимаваат со култура да развиваат проекти и така ќе ја надградуваат културата во Општината“, изјави Крстевски.
  

Најмногу средства доби Тамбурашкиот фестивал во износ ос 750 илјади денари или 12,5 илјади евра. 

Распределба на средства преку јавен конкусрс се врши за првпат во Општината, додека предходните години тоа го правеше Секторот за култура.

Програмата поминала на седница на Советот на Општина Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk