Расте бројот на разводи во Куманово

11.03.2015 10:18 | KumanovoNews

 За 30 отсто повеќе разводи имало во 2014 во однос на предходната година.

Расте бројот на разводи во Куманово

Според податоците на Државниот завод за статистика само во последното тромесечје од минатат година во општина Куманово се распаднале 16 бракови.

 “Причините се различни. Неверство, нетрпеливост, оддалеченост на брачните партнери, губење на емоции и чувства кои постоеле. Работното ангажирање на брачните партнери надвор од државата е една од причините за раскинување на брачната заедница. Секој брак е различен, со различни проблеми“ - вели Сузана Митровска, психолог.

Спротивно од разводите во истиот период се склучени 171 брак.

 Во општина Липково се склучени 72 брака, а 2 двојки се развеле. Во општина Старо Нагоричане имало три венчавки и еден развод. Во споредба со истиот период лани, во земјата се намалил бројот на склучени бракови, а бројот на разводи е зголемен.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk