Расте интересот за подигање на лешникови и ореови насади

06.10.2015 09:45 | KumanovoNews

Во кумановско расте интересот за подигање на ореови и лешникови насади, потврдуваат од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Куманово.

Расте интересот за подигање на лешникови и ореови насади

Луѓе од повеќе села се заинтересирани за одгледување на овие овошки бидејќи имаат добра цена,  а не бараат многу труд за одржување.

Оревот, лешникот држат добра цена на пазарот и од нив секогаш има потреба. Од друга страна потребни се помалку пари за одржување, додека крушите , јаболките бараат орање, кроење, прскање. Луѓе кои се во средни години сакаат да го подигнат тој овошен насад, бидејќи чувствуваат дека можат да работат, да го одржат тој насад за идните генерации. Ги има неколку луѓе и тоа од Пчиња, Старо Нагоричане, Челопек, Длабочица - рече Живка Наумова, раководител на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Куманово.

Државата дава субвенции за одржување по 15.000 денари по хектар за орев и 25.000 денари  за лешник по хектар, а воедно на овоштарите им се рефундираат половина од средствата вложени за насадите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk