Разбојници двапати ограбиле жител на Јачинце

14.06.2013 12:45 | KumanovoNews

 Тројца разбојници од Куманово во два одвоени случаи, лани и годинава ограбиле повозрасен жител на с.Горно Јачинце.

Разбојници двапати ограбиле жител на Јачинце

Т.С.(38) и А.М.(33) кон крајот на ноември лани во 21 часот насилно влегле во куќата на Р.И.(61) кој живеел сам. Тие пребарувале по куќата, а кога Р.И излегол да види кој тропа разбојниците го собориле на земја, во устата му ставиле најлонска кеса да не вика и му се заканиле дека ќе го убијат. Разбојниците украле паричник во кој имало 1000 евра и 16.000 денари, по што избегале.

Кон крајот на март Т.С. заедно со З.П.(28) околу 20 часот отишле кај истиот човек и тропале на вратата. Откако старецот отворил го собориле на креветот и му земале паричник со 1000 денари, мобилен телефон и предмети од покуќнина во вредност од 10.000 денари.

На разбојниците истражен судија им одреди мерка притвор во траење од 30 дена. Тројцата ќе одговараат за “разбојништво“ и “разбојничка кражба“.

Пријавените се познати сторители на тешки кражби и имотни деликти. Т.С е познат сторител на разбојништво, затајување и измама, а З.П е осудуван за недозволена трговија со дрога и оружје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk