Разбојник се обидел да украде чанта од кумановка

02.12.2015 14:11 | KumanovoNews

Вчера околу 15 часот на улица “Страшко Симонов“ кај основното училиште “Наим Фрашери“, разбојник се обидел да ограби жена.

Разбојник се обидел да украде чанта од кумановка

Додека Б.И.(37) одела накај дома, разбојникот и пришол од зад грб и откако не успеал да ѝ ја одземе чантата, и се заканувал со пиштол. Потоа со тупаница ја удрил по лицето и ја земал чантата. Откако жената почнала да вика, тој ја фрлил чантата и побегнал во непознат правец. Б.И. е префрлена во Општа болница Куманово каде ѝ е констатирана телесна повреда, а разбојникот е уапсен. Се работи за П.Н. од Куманово и по расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk