Разбојник украл телефон на девојка од Куманово, веднаш бил фатен

18.10.2020 09:24 | KumanovoNews

Кумановска била мета на разбојник, кој и го одзел мобилниот телефон на автобуска постојка во Скопје, а крадецот е фатен од страна на полицијата.

Разбојник украл телефон на девојка од Куманово, веднаш бил фатен

 - Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар, поднесе кривична пријава против Ф.С.(51) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 30.000 денари. На 15.10.2020 на автобуска постојка на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, пријавениот на А.Р.(20) од Куманово го одзел мобилниот телефон, појаснуваат од полицијата.

При извршување на делото, тој бил забележан од полициски службеник и веднаш бил лишен од слобода, а телефонот бил вратен на оштетената.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk