Разладување!

25.08.2011 13:35 | KumanovoNews

 Две деца се капea во базенот на фонтаната Батко Ѓорѓија на Градскиот плоштад мината недела за да се спасат од жештината.

Разладување!

Попладневното расладување предизвика внимание кај постарите, а особено на децата кои во тоа време се најдоа на плоштадот.  Тие им завидуваа на своите врсници што уживаа водата на новосоздадениот  „градски базен„,, а  возрасните коментираа дека и тие со задоволство би влегле во водата.

Сега кога температурите се многу повиски,  и жештината не попушта,  постојат големи шански  малите капачи да добијат сериозна конкуренција  во фонтаната на плоштадот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk