Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Размена на книги и книжевни муабети утре се организира во Куманово.
Се работи за несекојдневен настан на кој што граѓаните ќе имаат можност своите веќе прочитани книги да ги сменат со книги од други посетители.
„Идејата е на овој начин да се популаризира книгата и читањето воопшто и да се врати сјајот на читателската култура. Од друга страна настанот претставува убава можност за дружење и запознавање на луѓе на кои ја делат љубовта кон пишаниот збор“, - соопштуваат организаторите фејсбук групата „Размена на книги и книжевни муабети“.
Со вакви настани ќе се овозможи многу повеќе читање, а ќе најдеме и некоја интересна книга која ја нема во нашите книжарници.
Поддршка на акцијата обезбеди издавачката куќа ПНВ „Публикации“ од Скопје, која донираше свои изданија.
Настанот ќе се одржи утре (недела) во барот „Јард“ со почеток во 18 часот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk