Сменета директорката на Кумановската болница Ивановска, на нејзино место назначен урологот Џемаили

18.10.2023 09:12 | Сузана Николиќ

Еден месец откако стапи на функцијата разрешена е директорката на Општа болница Куманово, Билјана Ивановска. Таа беше избрана на конкурс во средината на септември, откако на поранешната директорка Снежана Захариева и заврши мандатот.

Сменета директорката на Кумановската болница Ивановска, на нејзино место назначен урологот Џемаили

За в.д. директор на најголемата здравствена установа во регионот е назначен д-р Фати Џемаили, уролог во болницата.

Решението за разрешување на Ивановска од министерот Фатмир Меџити било доставено вчера. 

Се обидовме да ја потврдиме информацијата од директорката, но таа не одговари на телефонските повици, ниту на смс пораките.  Не добивме одговор ни од Министертството за здравство, иако уште утринава ни беше ветено дека ќе не информираат за смените.

Вработени во болницата кажуваат дека Ивановска денеска не дошла на работа.

Неофицијално, смената на Ивановска е резултата на партиски договор, местото на СДСМ го добила Алтренатива.

Останатите две здравствени институции Здравствен дом и Центар за јавно здравство во Куманово ги водат директори на ДУИ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk