Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Разулавен бик денеска напладне направил хаос на бензинската пумпа на Лукоил, на автопатот Куманово- Скопје.
Како што потврдуваат од СВР Куманово, несекојдневниот настан се случил околу 11 часот, откако говедото избегало од шталата на сопственикот, која се наоѓала на м.в. Говедарски пат на периферијата на Куманово. Разбеснетиот бик претрчал низ дворот на касарната „Боро Менков„, по што излегол на автопатот и стигнал пред пумпата. Таму успејал да влезе во маркетот, ги разбуткал полиците со производи, по што завршил во тоалетот. Вработените ја затвориле вратата зад него и ја известиле полицијата. Веднаш бил повикан ветеринар, кој со инјекција го успал животното, а потоа го извлекле од вецето и го однеле од пумпата. Извршен е увид на лице место од екипа на ОЈО, по што ќе следи пријава за предизвикување општа опасност.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk