РЦУК: Во кумановско снежна обвивка од 10 цм, патиштата проодни

29.12.2014 08:32 | KumanovoNews

Во Куманово и кумановско снежната обвивка е 10 цм, но локалните и регионални патиштата се проодни, потврдуваат од Регионалниот центар за управување со кризи.

РЦУК: Во кумановско снежна обвивка од 10 цм, патиштата проодни

“Кон граничен премин Деве Баир тешки моторни возила можат да се движат само со зимска опрема. Сите локални и регионални патишта се проодни. Ноќеска температурата беше -6 степени, а  сега е - 1 степен“ - велат од РЦУК.

Од РЦУК кажаа дека липковските села Никуштак, Матејче и Виштица од вчера се без струја и најверојатно се работи за дефект предизвикан од лошите временски услови.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk