Реализирани се 40 инфраструктурни проекти од почетокот на мандатот, одговори СДСМ

12.02.2018 20:05 | KumanovoNews

Неодговорно и лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да глуми загриженост за граѓаните на Куманово кога токму оваа партија цели 11 години ги игнорираше проблемите и потребите на жителите на општина Куманово, одговори СДСМ на обвинувањата на Игор Божиновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Реализирани се 40 инфраструктурни проекти од почетокот на мандатот, одговори СДСМ

„Граѓаните на Куманово ги препознаваат празните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ и реалните политики на локалната власт предводена од СДСМ. Само во првите сто дена од мандатот локалната власт предводена од градоначалникот Максим Димитриевски и СДСМ реализира над 40 инфраструктурни проекти со кои се подобрува животот на граѓаните на Куманово и преку кои се одржува континуитетот на одговорно раководење со општината.

За разлика од политиките на деструкции, блокади и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, како на централно така и на локално ниво продолжува со спроведување на мерките што го унапредуваат квалитетот на живот и се во интерес на сите граѓани, се вели во соопштението од СДСМ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk