Рецитал на сопран и пијано во Куманово

16.06.2017 09:38 | KumanovoNews

Во малата сала на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, вечерва ќе се одржи рецитал на Марија Муратовска-Наумовска сопран и Елена Атанасовска-Ивановска пијано.

Рецитал на сопран и пијано во Куманово

 Во програмата се застапени дела од Глинка, Чајковски, Дунаевски и Tosti.

Концертот е закажан во 19 часот.

Марија Муратовска Наумовска – сопран, родена во Скопје, а работи како редовен професор по соло пеење и вокална техника, за додипломските, магистерски и докторски студии на Факултетот за Музичка уметност во Скопје.

Елена Атанасовска-Ивановска е една од најуспешните и најафирмираните    пијанисти во Република Македонија, која активно учествува во музичкиот живот во земјава, но и надвор од неа. Во моментов работи како доцент по корепетиција и практика на Факултетот за музичка уметност- Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk