Ред за поднесување барања за субвенции

09.07.2013 09:28 | KumanovoNews

Триесетина земјоделци утрово чекаат пред подрачната единица на Министерството за земјоделство за да поднесат документи за субвенции.

Ред за поднесување барања за субвенции

Тие се револтирани од метежот и велат дека треба да се воведе некој ред за да старите луѓе не чекаат со часови.

Четврти ден сум овдека и не можам да завршам работа. Треба да поднесам документи за субвенции за житарици за четири хектари. Имам 75 години, стојам, ама немаат почит кон постарите. Некои влегуваат преку ред. Ќе останам да чекам се додека работат во министерството - вели Елмаз Ибраими од село Никуштак.

Друг земјоделец од Табановце објаснува дека луѓето ги запишуваат на список и потоа ги повикуваат внатре за да не се создава метеж.

Ме запишаа утрово и сега чекам да ме викнат. Рокот не е при крај, ама сега немам работа бидејќи врнеше не жнееме, и затоа дојдоа да ја завршам оваа обврска. Имам три хектари житарици и за нив треба да поднесам барање за добивање на субвенции - додава жител на Табановце.

Од подрачната единица на Министерство за земјоделство велат дека аплицирањето се одвива електронски, но се чека додека се врши ажурирање на податоци.

Рокот за аплицирање трае до крајот на август.

Во фарм регистарот на подрачната единица се евидентирани околу 8000 фармери.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk