Референт во „Шумско„ испорачал дрва на погрешна адреса

17.12.2014 14:35 | KumanovoNews

Вработен во Шумско стопанство, испорачал огревни дрва на адреса различна од онаа на испратницата.

Референт во „Шумско„ испорачал дрва на погрешна адреса

А.М.(62) од липковското село Гошинце, референт за користење на шуми и дотур во подружницата на Шумско стопанство Куманово, во ноември годинава му наредил на возачот кој превезува дрва за потребите на Шумско стопанство, да истовари 5,6 кубици за лице чија адреса била различна од онаа во испратницата.

А.М. ќе одговара за злоупотреба на службената положба и овластување.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk