„Регина„ за Нова година на Градскиот плоштад

11.12.2014 11:59 | KumanovoNews

 Сараевската група „Регина„ ќе пее на пречекот на Нова година на Градскиот плоштад Куманово.

„Регина„ за Нова година на Градскиот плоштад

Од Фондацијата за култура и спорт, велат дека преговорите се завршени 99 проценти, останува само уште да се официјализира договорот. Концертот ќе трае повеќе од три часа, а на полноќ ќе следува голем огномет. За новогодишните празници локалната самоуправа ќе организира и пречек на Дедо Мраз на плоштадот, а ќе се делат и пакетчиња на најмладите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk